Балкан

Шведска доделува 400 милиони евра за реформи на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово

Шведска доделува 400 милиони евра за реформи на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово

Шведска ќе одвои 400 милиони евра до 2020 година за Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово за спроведување на реформи неопходни за влез во ЕУ, изјави денеска шведскиот амбасадор во БиХ Фредрик Шилер, пренесоа медиумите.

Шилер истакна дека при распоредувањето на средствата во периодот од 2014 до 2020 година ќе бидат земени во предвид штетите што Србија и БиХ ги претрпеа во поплавите во регионот.

Амбасадорот на Шведска во БиХ, исто така нагласи дека средствата ќе бидат наменети за гарантирање на човековите права и слободи, како и зареформи на администрацијата и правосудството.