Шведска ќе ја признае Палестина

Шведската Влада денеска ќе ја признае државата Палестина.

Шведската владина црвено-зелена коалиција, предводена од социјалдемократите, смета дека меѓународните правни критериуми за признавање на самостојноста се исполнети, и покрај тоа што Палестина нема контрола врз територија со утврдени граници.

Веќе во владиното експозе по изборната победа во септември премиерот Стефан Ловен го најави признавањето на Палестина, а што наиде на критики од страна на ЕУ-советот при шведскиот Парламент-Риксдаг, како и од страна на парламентарниот блок десничарско-центристички опозициони партии.

Критики беа изречени и од страна на САД. Вашингтон реагираше студено на најавите од Стокхолм за признавање на палестинска држава, со оценка дека е прерано за таков чекор.

Се очекуваше дека ќе добиеме критика за тоа, но САД не ја определуваат нашата политика, изјави неодамна Маргот Валстром во контекстот а таквите критики упатени кон шведската Влада.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.