Свет

Шведска најконкурентна ЕУ земја

Шведска најконкурентна ЕУ земја

Швајцарската Висока школа за трговија, ИМД, ја рангираше Шведска за најконкурентна земја-членка на Европската Унија.

Во глобални рамки пак, Шведска е падната за едно место пониско од минатата година, меѓу 60 земји кои биле опфатени во истражувањето.

Како предности на Шведска се наведуваат добрата инфраструктура во рамки на техниките и истражувањата, како и високите стадарди во здравството, трудот и социјалата, образованието…

На врвот на глобалната листа е САД, потоа следува Швајцарија, Сингапур, Хонг Конг, па Шведска.