Шведска во финалето го чека подобриот од дуелот САД и Канада

Олимпискиот шампион од 2006 година, селекцијата на Шведска е првиот финалист на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Сочи. Швеѓаните во полуфиналето беа подобри од Финска со 2:1. Во реприза на финалето од пред осум години во Торино , Шведска играше многу подобро и зџаслужено се пласира во финалето.

Финска успеа права да поведе на овој натпревар преку Оле Јокинен, но Швеѓаните веднаш вратија преку Ериксон. Победничкиот гол за Шведска го постигна Ерик Крлсон во последната третина од мечот.
Швеѓаните во финалето ќе ги одмерат силите со подобриот од второто полуфинлае меѓу селекциите на САД и бранителот на титулата Канада