Шведско радио: Грција останува со тврд став кон Македонија

Колку би можело да се очекува Грција да биде успешна по преземањето на улогата на претседавач со ЕУ по 1 јануари? Може ли Грција, која се наоѓаше во епицентарот на европските економски проблеми, да претставува движеча сила во преговорите околу разни прашања, се истакнува во коментари во шведски медиуми, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

„Да се биде земја-претседавач со ЕУ би можело да се спореди со улогата на судија во фудбалски натпревар. Треба да се овозможи играта да тече непречено, а всушност најдоброто што би можело да се случи е воопшто да не се забележи дека е присутен судијата“, вели еден шведски ЕУ-репрезент во Брисел, укажувајќи дека во седиштето на Унијата е пристуна силна загриженост во пресрет на преземањето на претседавачкиот мандат од страна на Грција.

Едно од прашањата околу кои владее голема неизвеснот е натамошното проширување на ЕУ и дали тој процес воопшто на некој начин ќе биде придвижен со тоа што Грција го презема претседателството, јави Шведското радио.

Грција порано го имаше проширувањето како едно од своите приоритетни подрачја во текот на шестмесечниот претседавачки мандат, но тоа сега е избришано. Се очекува Србија да ги започне преговорите во јануари, но на никаков начин не се очекува Грција да го смени својот тврд став кон Македонија.

Прашањето на името повеќе години е проследено со грчко вето против започнувањето на преговорите со Македонија. Во тој однос не може да се очекува ни најмала промена, се истакнува во коментарот на Шведското радио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.