Швеѓани викале и се тепале во Битола

Еден Битолчанец вчера пријавил вознемирување во полицијата. Човекот објаснил дека граѓаните се вознемирени од викањето на некои странски државјани.

Околу 21.30 часот полицијата излегла на терен и зтекнала пет шведски државјани кои се меѓусебно се довикувале и физички се пресметувале, а еден од нив имал и повреди. На повредениот му била укажана медицинска помош во Клиничката болница Битола.  Полицијата ги привела и откако целосно ќе го докментира случајот ќе достави соодветни поднесоци против нив.