Свет

Шветска воведува шестчасовно работно време

Шветска воведува шестчасовно работно време

Шведските власти размислуваат за воведување шестчасовно работно време и очекуваат дека со оваа пракса можат да ги намалат боледувањата, да ја зголемат продуктивноста и да заштедат пари.

По тестирањето на новото работно време, коешто ќе почне Домот за стари лица „Вастра Хисинген“, каде се вработени 60 луѓе, се очекува наредната годинада биде воведено во целата земја.

Шведските власти сметаат дека пократкото работно време ќе придонесе за побарувачка на нови кадри за одредени работни места. Пред неколку месеци истиот експеримент беше спроведен кај државната администрација во Гетеборг, кои ова лето наместо осум, работат со шестчасовно работно време.