Си цвета љубовта помеѓу Меси и Неимар

Последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, бразилскиот интернационалец Неимар експресно ја негираше пласираната шпекулација дека не е во баш најдобри односи со тимскиот колега Лионел Меси и дека тука треба да се бара вината за лошите резултати во актуелната сезона.

“Не бевме во можност да играме заедно на секој натпревар, но јас сум многу задоволен од нашата соработка на зелениот терен. Не е точно дека имам некој проблем со Меси. Напротив, нашата соработка, нашиот однос може да се дефинира како прекрасен. Знам дека се уште има такви кои шпекулираат кој пласираат такви информации дека има некаков проблем во нашата комуникација дека не можеме да играме во ист тим. Меси е многу релаксиран, не се замара со таквите новинарски шпекулации. Меси е вистинска ѕвезда, а јас го обожавам”, изјави Неимар.