Си Ен Ен: Грција главна раскрсница за џихадистите

Новата влада во Грција има голем број предизвици пред себе: големите долгови, хроничната невработеност, како и односите со останатите делови на Европа. Покрај ова има и неодложни безбедносни проблеми, пишува Си Ен Ен.

Во моментов Грција стана главна раскрсница и за џихадистите кои се обидуваат да стасаат до Ирак и Сирија од Европа, како и за борците кои што се враќаат назад кон европските земји од Средниот Исток.

Според голем број институции кои што се борат против тероризмот тврдат дека долгите поморски и копнени граници на Грција, близината до Турција и илегалната миграција од Сирија, како и големите финансиски проблеми на земјата ја прават да биде едно од најгостопримливите пристаништа за џихадистичките групи.

Си Ен Ен повикувајќи се на сопствени извори пишува дека во моментов во земјата има околу 200 лица кои се поврзани со исламистичките групи на ИД.

Белгиските власти веруваат дека Абделхамид Абаоуд, џихадистот поврзан со ИД најверојатно патувал од Сирија до Грција и таму комуницирал со терористичката ќелија која што неодамна беше разбиена од страна на белгиската полиција.

На почетокот на овој месец, тројва Белгијци беа уапсени на Шарлерој аеродромот додека се подготвуваат да отпатуваат во Грција. Според властите во Белгија тие биле обвинети дека соработувале со терористички групи.

На 17-ти јануари, грчката полиција уапси 33-годишен Алжирец за кој се верува дека е поврзан со терористичките групи во Белгија.

Минатата година, двајца француски џихадисти беа уапсени откако се обиделе преку Грција да се вратат дома. Првиот беше уапсен додека се обидуваше да помине во Италија. Еден од нив беше Ибрахим Боудина, 23-годишен Французин, роден во Алжир. Грчките цариници кај него пронајдоа усб меморија на која имаше инструкции за изработка на бомби.

Будина беше предаден на француските власти, кои во неговиот дом во близина на Кан пронајдоа опрема и уреди за изработка на бомби. Будина ги негираше обвиненијата и во моментов очекува судење.

Засега останува непознато колку вкупно џихадисти патуваат индивидуално и колку од нив ги користат мрежите за поддршка.

-Грција не е мета, туку само порта кон Европа и станица за џихадистите кои се враќаат дома, велат претставници на грчкото разузнаваштво.

Според нив, големите имигрантски заедници во Грција, а посебно во Атина  имаат можност да им обезбедат на џихадистите и на оние што се поврзуваат со такви групации сместување и во главно да ги прикријат.

Во 2011, грчките власти успеале да попречат вкупни 50 000 илегални мигранти од Авганистан и Пакистан.

Според аналитичарите кои истражуваат за транзитните линии по кои патуваат џихадистите велат дека постојат индикации дека џихадистите воспоставуваат ќелии во Грција кои треба да им го олеснат патувањето на големиот број борци кои патуваат од Косво и Албанија.

ИД објави повеќе видеа во кои Косовци ги повикуваат своите сонародници да им се придружат, а според косовските власти околу 200 лица досега ја напуштиле земјата и заминале на џихад во Ирак и Сирија.

-Според нашите проценки, околу 2000 луѓе во минатите две години поминале низ Грција, а во главно пристигнале со брод од Италија, пишува Си Ен Ен повикувајќи се на свои извори.

Во спротивен правец, бројот на мигранти кои што се обидуваат да стигнат со Европа се зголеми со отпочнувањето на конфликтот во Сирија. Голем број мигранти се упатуваат кон Грција и Италија со надеж за подобра иднина.

Џон М. Номикос, директор на Истражувачкиот институт за европски и американски студии во Атина вели дека голем број мигранти успеваат да обезбедат документи преку трговците со луѓе и дека потоа се обидуваат да добијат политички азил кога ќе стигнат во Грција. Номикос вели дека дел од тие што пристигнуваат во Грција најчесто склопуваат брак со грчки државјанки и на тој начин добиваат грчки документи со што понатаму можат да патуваат низ ЕУ.

Според податоците на Агенцијата за погранични работи на ЕУ, Фронтекс, околу 270 000 луѓе се обиделе илегално да влезат во Европа, а најголем дел се обиделе тоа да го направат преку Јадранското Море. Дали ИД или други терористички групи во моментов се обидуваат да се инфилтрираат помеѓу мигрантите за да влезат во ЕУ, е прашање што во голема мера ги загрижува властите во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.