Си-ен-ен – Грција најголем проблем за ЕУ

Заедничката европска заедница во 2015 година ќе се соочи со многу предизвици, а најголем проблем од нив ќе биде Грција, која може дури да доведе до распад на ЕУ.

Тоа, за Cи-ен-ен го нагласи  експертот Робин Оукли, според кого во моментов најголемата опасност на ЕУ доаѓа од нашиот јужен сосед.

Според него Европската унија треба да гледа многу внимателно и кон Шпанија, каде партијата „Подемос“,  која се залага за отфрлање на еврото, заработува сe поголема поддршка. Тој потсетува дека треба да се внимава и на  Италија, каде што има цели четири евроскептичниот партии. Најголемата опасност откај евроскептицизам сепак доаѓа од Велика Британија, која дури на неколку пати се закануваат да одржи референдум за излез од Унијата. Како и да е Грција реално може да биде почеток на крајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.