Си-Ен-Ен: „Мозокот“ на париските атентати побегнал во Сирија

Француските разузнавачки служби веруваат дека осомничениот за нападите во Париз, Абдесалам Салам, побегнал во Сирија, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

Танјуг пренесува дека полицијата верува дека Абдесалам Салах пред нападите од 13 ноември детонаторите за експлозивите ги купил во Франција.

Оваа информација е соопштена по пишувањето на весникот „Паризиен“ за тоа дека Абдесалам Салах детонаторите ги купил во продавница за пиротехника, северно од Париз.

Менаџерот на продавницата за тоа ги информирал надлежните кога името на Абдесалам, како и неговата фотографија, јавно беа објавени.

Можноста дека Абдесалам Салах им побегнал на надлежните беше навестена и минатата недела, кога адвокат од Брисел изјави дека неговиот  клиент Али Улкади „ги собрал“ Абдесалам Салех и уште еден пријател од станица во предградие на Брисел, еден ден по нападите во Париз.