Си-Ен-Ен објавиле невозможни бројки за шкотскиот референдум

Американската информативна телевизија Си-Ен-Ен, кусо време по затворањето на избирачките места во Шкотска, на своите гледачи сакала да им презентира резултати од една анкета, но некој во одделот за графика направил голем гаф, за кој набргу низ социјалните мрежи на Интернет настанала жестока и голема дискусија.

Имено, на прикажаниот телоп стоело дека против независноста на Шкотска се изјасниле 52 отсто од гласачите, а за 58 отсто.

Водителката Брук Болдвин на момент, додека ги читала резултатите, се посомневала дека нешто не е во ред, но продолжила со својата работа без притоа да им се извини на гледачите.