Си-Ен-Ен: Спомениците од поранешна Југославија меѓу најгрдите во светот

Споменик од Втората светска војна во Подгарич, Хрватска

Спомениците кои по барање на некогашниот југословенски лидер Јосип Броз Тито се израдени во сите земји од екс-Југославија се најдоа на листата на Си-Ен-Ен за најгрди споменици во светот.

Некои сметаат дека спомениците повеќе наликуваат на вонземјанска уметност и вистински го заморуваат човековиот мозок.

Поседувајќи грда убавина за некои, за други се угнетувачки потсетник на насилниот распад на Југославија во 1990-тите, пишува Си-Ен-Ен кои за илустриција го избрале споменикот во Подгарич, Хрватска.

Во текстот се наведува дека спомениците се изградиле како потсетиници на местата на кои се воделе битки за време на Втората светска војна и во чест за загинатите борци.

Заедно со југословенските споменици на листата се најдоа и споменикот „Разговор со Оскар Вајлд“ во Лондон, “Споменик на храброста“ во Белорусија, „Африкански ренесансен споменик“ во Дакар, Сенегал, „Стоунхеџ на Сем Хил“ во Мерихил, Вашингтон, Споменикот на Мартин Лутер Кинг во Толедо, Охајо.