Си-Ен-Ен Турк: ИД планира напади во Турција на 1 мај

Терористичката група Исламска држава можно е да изврши самоубиствени напади во Турција на 1 мај, предупредуваат разузнавачки извори цитирани од турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Главната дирекција на турската полиција испратила соодветни предупредувања до полициските оддели во сите турски окрузи.

Според информациите на медиумот, ИД планираат напади во места на кои ќе се одржат големи демонстрации поради празникот, како и врз верски објекти на христијани или евреи во реони посетувани од многу туристи или врз странски дипломатски претставништва.