Свет

Си го шетале миленичето и пронашле злато вредно 10 милиони долари

Си го шетале миленичето и пронашле злато вредно 10 милиони долари

Една двојка од Калифорнија, шетајќи го своето куче низ својот имот пронашле ретки златни монети вредни околу 10 милиони долари закопани покрај старо дрво.

Брачната двојка која сакала да остане анонимна сега поседува 1.427 монети од втората половина на 19-от век, а скоро секоја од нив е во одлична состојба.

Монетите во апоени од пет, 10 и 20 долари биле оставени во канистери по вредност и хронолошки ред.

Дејвид Хол од Агенцијата за проценка на вредноста на ретки монети ја утврдил автентичноста на пронајдените пари и рекол дека нивната вкупна вредност може да биде повеќе од 10 милиони долари.

Среќната брачна двојка веќе неколку години живее на имотот каде што е пронајдено богатството. Според нивното кажување, поголемиот дел од монетите планираат да ги продадат, но еден дел ќе остават за себе.