Си го убила мажот со ловџиска пушка

Полицијата во српскиот град Пирот уапсила една жена, која била осомничена дека со ловечка пушка го убила својот сопруг.

„Убиството се случило во семејната куќа, така што сопругата со ловечка пушка го застрелала својот сопруг, кој имал уредна дозвола за оружјето“, истакнала Соња Нешиќ, заменичка на вишото јавно обвинителство.

Причините за ова убиство се’ уште не се познати, а се очекува со истрагата да се утврдат мотивите поради кои гневната сопруга му пресудила на својот маж.