Си купил возило со службени пари и го префрлил на име на сопругата

Против лицето Г.Ц.(52) од Неготино е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што јавува МВР, пријавениот на ден 10.01.2014 година, во својство на претседател на Водна заедница Криволак, купил патничко возило „Дачиа Сандеро“ под лизинг во вкупна вредност од 778.680 денари за кое платил 247.386 денари и со месечна рата од 189.27 евра или 11.722 денари кои ги плаќале се до 30.09.2015 година кога без спроведување на неопходна постапка, предметното возило го остапил на трето лице, сопруга на пријавениот, со единствена обврска истата да продолжи редовно да ги плаќа месечните рати кон лизингот во вредност од 7.735.72 евра за што склучиле нов договор и при тоа да не обештети ни еден денар од парите кои водната заедница Криволак ги плаќала со што ја оштетил водната заедница во вкупна вредност од 470.110 денари.