Си врзал тегови и скокнал во бунар поради пензија!

Педесет и три годишниот Драган Станкоивиќ од Српски Милетич се самоубил скокајќи во бунар со врзани тегови околу половината. Причината за тоа било што неговите барања за инвалидска пензија и социјална помош биле одбиени.

Неговото семејство го пријавило изчезнувањето пред еден ден.

– По каратка потрага полицијата и пожарникарите го пронашле телото на Драган во бунарот во дворот на неговата семејна куќа. Драган се удавил по скок во бунарот кој е длабок 12 метри, а водата беше длабока 10 метри. Кога го извлековме телото на него околу половината имаше врзано тегови, рекол извор блзиок до истрагата за српски Курир.

Во куќата биле пронајдени неколку запалени листови хартија, за кои се претпоставува дека биле решенијата за одбивање на пензијата и социјалната помош.

Вујкото на Драган, Момчило пред полицијата изјавил дека Драган 19 години напорно работел, но останал без работа поради повреди на кичмата. Тој пред неколку дена од од Момчило позајмил 500 динари за да може да отиде до социјалната служба.

Инаку, Драган требало дененска да наполни 54-години, но наместо роденден, како што велат неговите најблиски, подготвуваат погреб.