Сибир: Пијан тинејџер прегазил двајца полицајци во велигденска поворка

Пијан руски тинејџер се забил со украден автомобил во велигденска поворка во Сибир, при што животите ги загубиле двајца полицајци.

Деветнаесетгодишното момче, под дејство на алкохол најпрво се степал со група момчиња, а потоа украл автомобил и удрил во неколку други возила во градот Новосибирск, пренесува „Бизнис стандард“.
Тој со автомобилот се качил на тротоар и згазил двајца полицајци што ја обезбедувале поворка од православни верници, која традиционално се одржува секој Велигден.
Полицајката починала на самото место, додека полицаецот од повредите починал во болница.