Македонија

СИДАТА зема замав, хомосексуалците најпогодени

СИДАТА зема замав, хомосексуалците најпогодени

Во Македонија, oд почетокот на годинава до сега, регистрирани се пет нови случаи на ХИВ. Сите новозаболени болеста ја добиле по хомосексуален пат,  односно  преку незаштитен сексуален однос.  Тројца од нив се на антиретровирусна терапија и се на возраст меѓу 20 и 35 години.
Според официјалните податоци, во земјава има вкупно 160 лица кои се болни од СИДА и 76 кои се ХИВ позитивни. Заклучно со 1 декември 2014, во Македонија од СИДА починале  75 лица.

Најчесто СИДАТА се пренесува преку  хомосексуални и хетеросексуални односи, користење на дрога и хемофиличари. Кај нас најмногу заразени има во  Скопје (108 лица), Тетово (23), Куманово (14), Прилеп (10), Охрид (9) и Кичево (8). Во овие шест општини се регистрирани вкупно 172 лица кои живеат со ХИВ/СИДА или 75 отсто од сите регистрирани случаи во државата.

И покрај загрижувачките податоци за зголемување на бројот на заразени од ХИВ/СИДА, сепак , се’ уште е мал бројот на лица што се одлучуваат  за ХИВ-тестирање, кое е  бесплатно и анонимно и многу потребно. Тоа воедно укажува и на  нивото на одговорност на лицата кога станува збор за превенцијата од ова заболување.
Стравот од резултатите, реакциите на луѓето и можноста дека ќе бидат дискриминирани, доведува до тоа луѓето најчесто да се тестираат во период кога вирусот е веќе во поодмината фаза. Невладината организација Х.Е.Р.А. во рамки на своите теренски активности, заедно со Минситерството за здравство работи на спорведувањее на советување и тестирање за ХИВ меѓу мажите кои имаат секс со мажи (МСМ), преку специјални мобилни амбуланти кои нудат услуги на територија на цела земја.

Во Македонија според последните податоци од истразувањето на Х.Е.Р.А. 63 отсто од ученицте во прва година изјавиле дека учеле за ХИВ и СИДА по биологија, додека само 22 отсто на часот по образование за животни вештни. Но, загрижува фактот според кој за употреба на кондом на училиште се информирале само 12 отсто од образование за животни вештини и 22 отсто од биологија.
Во наставните програми различните сексуални ориентации треба да се обработуваат по предметот образование за животни вештини,  но само 3 отсо од учениците изјавиле дека добиле информации за оваа тема од овој предмет.

„Колку повеќе опаѓа стигмата за ХИВ и се зголеми информираноста дека не постои ризична група туку ризично однесување, како и фактот дека во Македонија има антиретровирусна терапија која обезбедува долг животен век, толку повеќе ќе се менуваат предрасудите кај населението, а со тоа ќе се зголеми бројот на тестирања. Дополнително, зголеменото информирање во рамки на образованиот процес и можноста да се добијат квалителни, но, евтини кондоми,  доведува до намалување на преземање на ризици, сексуален однос без кодном, а со тоа и намалување на преносот“, вели Елизабета Божиноска,  програмски раководител на  Х.Е.Р.А.

Од неодамна, на  клиниката за инфективни болести е инсталиран систем за генотипизација и детекција на ХИВ. Станува збор за врвна дијагностика во оваа област, односно апарат кој овозможува прецизирање на генотипот на ХИВ, а со тоа и поставување на соодветна терапија. Апаратите за генотипизација се набавени во соработка со Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберколоза и маларија. Вредноста на еден од апаратите е околу 85 илјади евра и заедно со вредноста на другите апарати, набавени во таа јавна здравствена установа, станува збор за инвестиција од над 11 милиони денари.

Минатата година во земјава се  регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА ( 16 лица се заболени од СИДА, 23 лица се ХИВ позитивни) и три смртни исходи. Најголем дел од заболените се мажи и најмногу се на возраст од 20 до 29 години. Кај 10 лица е хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај  25 лица е преку сексуален контакт на машко со машко лице, кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија и 1 лице е заболено преку инјектирање дрога.

Првиот ХИВ позитивен случај во  Македонија е регистриран во 1987 година, а  првиот заболен од СИДА во 1989 година.

sida1