Свет

Сиднеј: Цвеќе за жртвите во заложничката драма

Сиднеј: Цвеќе за жртвите во заложничката драма

Премиерот на Австралија Тони Абот положи цвеќе во знак на сеќавање на жртвите на заложничката драма што вчера се одигра во кафулето Линдт во центарот на Сиднеј, во кој животот го загубија тројца луѓе заедно со напаѓачот.

abot_1Абот и неговата сопруга Марџи положија цвеќе на плоштадот Мартин Плејс, пред кафулето каде вчера се одигра 17-часовна заложничка драма, соопшти АП, пренесува Нетпрес.

По положувањето на цвеќето, премиерот на Австралија изјавил дека напаѓачот бил „многу болен човек“ и дека тој и бил познат на полицијата, но не се наоѓал на листата на можните терористи.

Напаѓачот Ман Харон Монис (50) го загуби животот во судир со полицијата, заедно со двајца други заложници.

Australia Police OperationОд рано изутринава, голем број расплакани граѓани полагаат цвеќиња пред кафулето „Линдт“ каде напаѓачот вчера држел 17 заложници.

По 16-часовните преговори, полицијата влезе во локалот и отвори оган. Според изјавата на Абот, напаѓачот Абот имал „долго досие полн со насилни дела и дека бил опседнат со екстремизмот и ментално нестабилен“.

Муслиманските организации во Австралија во заедничко соопштение го осудија настанот.

„Го отфрламе секој обид за одземање на невин живот или предизвикување на страв и терор во нивните срца“, се наведува во соопштението.