Сиднеј: Обид за терористички напад со плински боци (ВИДЕО)

Автомобил полн со плински боци влетал во подземната гаража на полициската станица во Сиднеј. Едно лице е уапсено, пренесува „Раша Тудеј“.

Еден маж се здобил со изгореници во инцидентот што се случил во полициска станица во западен Сиднеј. Според локалните медиуми станува збор а обид за терористички напад.

Подземната гаража и околната област е блокирана, а во тек е и претрес на автомобилот. Полицијата соопшти дека засега нема настрадани лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.