Спорт

Сидорф: Балотели под итно да се ослободи од непотребниот притисок

Сидорф: Балотели под итно да се ослободи од непотребниот притисок

Новиот предводник на италијанскиот калчо гигант Милан, Кларенс Сидорф е убеден дека контроверзниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели ќе израсне во најдобар фудбалер на денешницата во истиот момент кога ќе се ослободи од непотребниот притисок.

„Искрено, Марио е фантастична личност. Многу е сладок, многу е чуствителен. Чувствува преголема одговорност, чуствува дека треба да биде лидер, дека треба целиот тим да го носи на својот тим. Тука е неговата грешка, не е така. Марио мора под итно да се ослободи од непотребниот притисок, да се ослободи од обврската. Марио треба да се ослободи од обврската дека треба да претставува некаков симбол. Кога ќе се ослободи од тој притисок, Марио ќе израсне во најдобар фудбалер на денешницата”, изјави холандскиот стучњак.