Сидорф демантира дека доби ултиматум од Галијани

Новиот предводник на италијанскиот калчо гигант Милан, Кларенс Сидорф ги откри сите детали од последниот состанок кој го имаше со потпретседателот на „росонерите”, Адриано Галијани и ја демантираше пласираната шпекулација дека добил некаков ултиматум.

„Јас побарав состанок со потпретседателот на Милан. Можам да кажам дека истиот беше контруктивен, побарав клубот да биде покрај мене, да биде подршка за фудбалерите. Многу позитивен состанок. Се беше запишано на бела хартија. Одлично се познавам со господинот Галијани, лесно најдовме заеднички јазик. Ја почитувам неговата улога во клубот, знам од колкава важност е за Милан. Сакам да биде покрај мене, сакам да биде на мојата страна. Јас секогаш го давам максимумот, секогаш давам 100% и убеден сум дека ќе успеам и како тренер. Ќе ги соберам плодовите и од оваа авантура. Не сум добил никаков ултиматум, не е точно дека мојата иднина зависи од следните два натпревара. Имам подршка и од моите фудбалери,“ изјави холандскиот стручњак.