Сидорф го моли Кака да остане на Сан Сиро

Новиот предводник на италијанскиот калчо гигант Милан, Кларенс Сидорф посака и во новата клупска сезона на располагање да ги има услугите на бразилскиот интернационалец, Рикардо Кака.

Потпретседателот на „росонерите”, Адријано Галијани пред неколку дена изјави дека искусниот играч за врска ќе добие дозвола за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок иако неговиот договор завршува во 2015 година.

Во договорот на Кака има опција дека Брзилецот може да си замине од „Сан Сиро” доколку неговиот тим не обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

„Кака добро знае каква е желбата на најверните фанови на Милан, каква е желбата на клупските челници и знае што јас сакам. Знае колку е почитуван на „Сан Сиро” и сите со нетрпение ја очекуваме неговата конечна одлука која ќе биде донесена на крајот од актуелната сезона. Во овој момент, Кака сака да биде фокусиран само на преостанатите натпревари од актуелната сезона, а потоа ќе се фокусира на својата иднина”, изјави младиот холандски стручњак.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.