Сидорф: Медиумите да го остават Марио на мира

Предводникот на италијанскиот калчо гигант Милан, јавно ги замоли фудбалските медиуми во Италија да престанат со постојаните критики и најпосле да го остват на мира контроверзниот напаѓач на “росонерите”, Марио Балотели.

“Никој не може да го негира тој факт дека има голем напредок кога е во прашање однесувањето на Марио, играта на Марио. Веднаш откако го заменив на првенствениот дуел против Рома, Марио ме праша зошто сум го заменил. Исто такво прашање добив и од јапонскиот интернационалец Кеисуке Хонда кој го заменив на натпреварот протв Лацио. Јас имам одличен однос и одлична комуникација со Марио. Јас не мислам дека Марио е лут поради замената, дека лошо се чуствува. Исто така нема ништо лошо во неговата реакција, во непријатните зборови кои ги упати кон тимскиот колега после грешното додавање. Сум бил сведок на тави ситуации 1000 пати во мојата фудбалска кариера. Новинарите не му помагаат на Марио, не му дозволуваат да порасне. Често разговарам со мојот напаѓач, го фалам и го критикувам, но тоа го првама во соблекувалната, не преку медиумите. Сакам медиумите да го остават на мира. Има многу позитивни промени, не сакам да се коментираат само негативните моменти. Подобро да се коментира неговата статистика, бројот на погодоците”, изјави холандскиот стручњак.