Спорт

Сидорф најави триумф на Винсенте Калдерон

Сидорф најави триумф на Винсенте Калдерон

И покрај минималниот пораз на “Сан Сиро”, новиот тренер на Милан, Кларенс Сидорф е убеден дека неговиот тим може да избори пласман во следната 1/4 финална рунда од Лигата на шампиони.

“Не можам да кажам дека не сум задоволен од играта на моите фудбалери. Одигравме одлично во првото полувреме, но немавме среќа пред противничкиот гол. Кака ја погоди пречката, а Поли стативата. Немавме сила во последните 20 минути од натпреварот, а Атлетико (М) на најдобар можен начин го искористи уморот на моите фудбалери. Секој може да прими погодок од една таква ситуација, но сами сме виновни. За среќа, ова е само прв натпревар, има уште 90 минути, има и реванш дуел во Шпанија. Балотели се пожали на повреда и морав да го замена, а полошо помина Де Шиљо. За неколку часа ќе добијам поконкретна информација околу нивната состојба”, изјави холандскиот стручњак.