Спорт

Сидорф од четвртокот нов тренер на Милан

Сидорф од четвртокот нов тренер на Милан

Италијанските медиуми се убедени дека до крајот на оваа недела, легендарниот репрезентативец на Холандија, Кларенс Сидорф и официјално ќе биде претставен за нов тренер на седумкратниот европски клупски шампион, Милан.

Сидорф важи за прв фаворит кога е во прашање наследникот на Масимилиано Алегри, кој пред неколку часа го доби заслужениот отказ.

Поранешниот фудбалер на Милан и фудбалер кој дури четри пати го има освоено пехарот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, за свои соработници најверојатно ќе ги именува исто така поранешните фудбалери на Милан, Јап Стам, Хернан Креспо и Патрик Клајверт.