Сидорф откри дека ѕвездите на Милан имаат психолошки проблем

Вината за болната елиминација во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони и за катастрофалниот пораз на реванш дуелот против екипата на Атлетико (М), предводникот на  Милан, Кларенс Сидорф ја лоцираше психолошкиот проблем кој го имаа неговите фудбалери после погодокот на Арда Туран.

„Видовме дека моите фудбалери имаа голем психолошки проблем после вториот погодок на Атлетико (М). После погодокот на Туран имаше голем пад на концентрацијата. Не можевме да се вратиме во игра, како некој да ги изгасна рефлекторите на “Винсенте Калдерон”. Ја немавме потребната енергија, ја немавме потребната желба за надигрување. Заедно ќе го анализираме овој натпревар, ќе го анализираме овој проблем. Нормално дека ова натпреварување имаше статус на приоритет и нормално дека клубот сега ќе има голема финансиска загуба. Одигравме добро на првиот натпревар, одигравме одлично и во првите 45 минути во Мадрид. Му париравме на Атлетико (М), но нема континуитет во нашата игра, не играме како што треба во сите 90 минути,“ изјави Сидорф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.