Сигурен чекор на Јуве, за Пандев само 20 минути

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус не дозволи никакво изненадување во неделниот натпревар од 24. коло и сосема заслужено, со сигурни 3:1 славеше во првенствената пресметка против гостинската екипа на Киево.

Фаворитската улога ја оправдаа и фудбалерите на Наполи кои одиграа одлично во вторите 45 минути, а таквата игра на крајот се покажа како доволна за да слават со 2:0 на незгодното гостување во Сасуоло.

Последните 20 минути од натпреварот ги одигра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Фудбалерите на Рома ја искористија предноста на домашниот терен и без многу мака забележаа убедлива победа од 3:0 во првенствената пресметка против екипата на Самдорија.

Резултати: Катанија – Лацио 3-1, Аталанта – Парма 0-4, Калјари – Ливорно 1-2, Џенова – Удинезе 3-3, Јувентус – Киево 3-1, Сасуоло – Наполи 0-2, Рома – Сампдорија 3:0.