Сигурни победи на водечкиот двоец во ПМФЛ

Фаворитите за највисок пласман во домашниот шампионат, Шкендија и Вардар, остварија убедливи победи во дуелите против Шкупи и Победа во рамките од 20-то коло на ПМФЛ.

Лидерот Шкендија со 3:0 како гостин на стадионот „Чаир“ го совлада Шкупи, додека со истиот резултат 3:0, но пред двојата публика актуелниот шампион Вардар беше подобар од прилепска Победа.

Најефикасно беше на „Тумбе Кафе“ во Битола, каде Пелистер со 3:2 го порази Работнички, додека голови немаше на дуелот меѓу Академија Пандев и Скопје, како и на во саботата одиграниот меч меѓу ренова и Силекс.

Табела:
1. ШКЕНДИЈА 50 бода
2. ВАРДАР 42,
3. СИЛЕКС 32 (-1),
4. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 26,
5. ШКУПИ 26,
6. РАБОТНИЧКИ 24,
7. ПЕЛИСТЕР 20,
8. РЕНОВА 20,
9. ПОБЕДА 20,
10. СКОПЈЕ 11 (-1).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.