Сијановска: Mандатот се добива на избори со програмата која што била презентирана, а не post festum

Вие може ако сакате, ако вие мила само власта, за се да се согласите. Меѓутоа ќе ги изгубите следните избори или гласачите ќе ги шокирате, бидејки ќе заклучат дека: Па ние не ви дадовме мандат за ова за што вие разговарате и преговарате, бидејќи мандатот се добива на избори со програмата која што била презентирана, а не post festum и не врз основа на дискрециони права. Значи во рамките на уставната рамка, оти владеење на правото ззначи дека прво ќе си признаете дека lex superior – закон над законите е Уставот и ќе бидете патриот во неговото реализирање. Се друго следи, констатираше Професорката Силјановска во вчерашното гостување во Топ Тема.

-Петте барања имале статус на заклетви и сега кога имате термин заклетва сериозен е проблемот! Тоа звучи некако религиозно, оти кај што има заклетва има и заповед.  Таму многу тешко можете да отстапите од нешто што сте го промовирале во заклетва, значи во дијалог не може да има заклетва. Резултатот од дијалогот не е познат од напред , туку е резултат на креативна аргументација и затоа уште во стартот треба да се влезе со добра волја, ама и со решеност дека ништо не е нерешливо и ништо неможе да има статус на заклетва.

Професорката потсети и на Охридскиот договор, кој толку многу беше спомнуван од Албанските политички партии кои со полни усти зборуваа за негобвата реализација, а подоцна и за неговот надградување.  За сега наеднаш да излезат со барања кои всушност никаде ги нема во тој Охридски договор:

– Она што мислам дека не се чита или не се сака да се чита од Охридскиот договор, се всушност воведните одредби. Целта на Охридскиот договор не е етнократија, бидејки етнократијата не е модел на демократија, туку мирен и хармноничен развој на граѓанско општество се разбира со почитување на правата на сите припадници на заедниците. Не знам дали е на линија, дали се на линија многу од овие предлози?!