Балкан

Сијарто: Неразумните изјави на Понта се навреда за Унгарија

Сијарто: Неразумните изјави на Понта се навреда за Унгарија
Сјарто: Неразумните изјави на Понта се навреда за Унгарија

Амбасадата на Романија во Будимпешта бара состанок во Министерството за надворешни работи на Унгарија за да го соопшти своето противење на унгарските планови за поставување ограда на границата со Романија.

Романската амбасада, исто така, бара и дополнителни објаснувања за таквите планови, соопшти Министерството за надворешни работи на Романија.

Министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто,  остро ги осуди изјавите на романскиот премиер Виктор Понта дека унгарските политичари не се ништо подобри од сириските и либанските, а чии државјани бегаат од земјата.

„Виктор Понта вчера изгуби самоконтрола и неговите неразумни изјави се навреда за цела Унгарија. Цивилизирани европски политичари не користат така остри клевети. Неговите изјави имаат само едно објаснување, а тоа е дека тој целосно ја загубил поддршката во романската домашна политика“, се наведува во соопштението.

Понта синоќа на Фејсбук реагираше на плановите на Унгарија оградата што е поставена на границата со Србија да ја продолжи и кон Романија, изјавувајќи дека плановите на Унгарија потсетуваат на Европа од 30-тите и 4о-тите години на минатиот век.