Сијарто: Мора да се почитува волјата на македонскиот народ

Неговиот австриски колега Себастијан Курц, исто така го поддржа мислењето и ставот на унгарскиот министер.

Ние сите се согласивме дека ни треба целосна имплементација на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сакам да ја искористам можноста да и се заблагодарам на Македонија за многу позитивната улгоа што ја игра во бегалската криза. Тоа многу и помага на земја како Австрија, Германија или Шведска. Сите се согласивме на состнаоко дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија, истакна Курц.

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски им се заблагодари на унгарскиот и на австрискиот министер за надворешни работи за организирање на овој настан и порача дека “Македонија доби седум позитивни препораки да започне со пристапните преговори и ниту еден од нив не и дозволил на земјата да се посвети на овој процес”.

Веруваме дека е време да се донесе до највисоко ниво кредибилитетот на европската интеграција и ова дефинитивно ќе биде важно за политичките процеси во земјата. Од таа страна, ЕУ инвестираше многу енергија во тоа да се има политички договор што ќе ни дозволи да имаме парламент со целосен обем, да продолжиме со реформите, вклучително и членовите на најголемата опозициска партија не само во парламентот, туку и во критичните владини позиции и да се обезбеди транзициски период за подготвка на избори. Изборите, според овој договор треба да се одржат на 24 април и ние веруваме во успешно спроведување на изборите, што ќе може да ја засили позицијата на европска страна и дефинитивно да започнеме со пристапниот процес во 2016 година. Тоа ќе биде од корист на двете, на европските данокоплаќачи и на македонските граѓани, бидејќи Македонија покажа капацитет да биде кредибилен партнер, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија, исто така додаде дека миграциската криза е друго сериозно прашање на кое Макеоднија покажала капацитет и кредибилитет да се справи со големио предизвик. Според Попоски, над 800 илјади лица минале низ македонска територија кон Европа и дека ако се сака да се справи со ова, дефинитивно е потребен европски одговор.

 Покажавме капацитет да ја контролираме нашата граница. Го намаливме до минимум нивото на нелегални преминувања, имаме физичка бариера за опструирање на начинот за нелегален премин и шверцување на луѓе. Исто така, дозволивме тие да бидат примани на точки за прием, каде може да бидат регистрирани и потоа, според легислативата и нивните права ги процесуираме понатаму или ги враќаме во нивната земја на потекло. Ова е нешто што го покажавме последните месеци што можеме да сториме, оти беше многу важно да добиеме помош од некои земји-членки на ЕУ во поглед на испраѓање на полицајци, опрема и тренинг. Крајна линија е дека што можевме, ние сторивме и покажавме дека може да се стори, па сега е само прашање на утврдување дали Европа сака да се справи со ова прашање на безбеден и хуман начин. Ние веруваме дека ако го сакаме тоа, тогаш можеме да го постигнеме, посочи Попоски.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бесими, пак рече дека на денешниот појадок со земјите-членки на ЕУ е разговарано во однос на македонската европерспектива, имплементацијата на политичкиот договор и итните реформски приоритети и подготовка за предвремените парламентарни избори.

Важно е што присутните од земјите-членки на Унијата кажаа дека е значајно имплементацијата на политичкиот договор и Македонија да има фер и дмеократски избори, како и да продолжи со реформската агенда. Во наредниот период е важно што ќе се разгледаат можностите за отворање на преговорите за членство во ЕУ, истакна Бесими.

Покрај шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и македонските министри Бесими и Попоски, на денешниот рбаотен појадок во хотелот “Софител” во Брисел, присуствуваше и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Подоцна, тој изјави дека очекува од македонските политички партии да се држат до договорот од Пржино и да договорат датум за организирање на предвремените парламентарни избори во земјата.