среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 22

Сијарто: Унгарија ќе се бори Македонија да почне преговори со ЕУ,

Сијарто исто така посочи дека за претстојните парламентарни избори во Република Македонија, Унгарија и голем број земји-членки на ЕУ очекуваат дека македонскиот народ ќе му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

sijarto

Последни вести

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, денеска од Брисел упати силна поддршка на македонските евро-атлантски интеграции, најавувајќи дека Унгарија ќе се бори во европската арена за покренување на преговорите за членство на земјата во Европската унија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Сијарто исто така посочи дека за претстојните парламентарни избори во Република Македонија, Унгарија и голем број земји-членки на ЕУ очекуваат дека македонскиот народ ќе му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, како, според него, партија со јасно изразена проевропска и проатлантска ориентација.

-Ние се восхитуваме на ефикасноста на македонската Влада и на македонскиот народ, истакна Сијарто во изјава за МИА по денешната средба на Советот за надворешни работи на Унијата, посветена на изборот на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Според шефот на унгарската дипломатија, Македонија се развива многу рапидно и постигнувањата и изведбите во однос не европската интеграција на земјата „се нешто што Унгарија многу го цени и почитува“.

-Ако зависеше само од нас, пристапните преговори досега веќе ќе беа започнати со Македонија. Со оглед на тоа што ние сме соседска земја на регионот на Западниот Балкан, знаеме дека тензиите во овој регион ќе бидат најбрзо надминати само со интеграција во ЕУ. А, вие тоа го заслужувате и ние ќе се бориме во европската арена за покренување на преговорите за членство на Македонија, дециден е Сијарто.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, исто така, посочи дека за Будимпешта, но и за голем број други членки на Еворпската унија, многу е јасна желбата и очекувањата од претстојните парламентарни избори во Република Македонија, што ќе се одржат на 11 декември.

-Што се однесува до изборите во земјата, со голема радост можам да кажам дека ги поддржувам политичките сили што се за проевропска и проатлантска интеграција на земјата. ВМРО-ДПМНЕ е токму таква партија и ние се надеваме, не само како унгарска Влада, туку и исто така и како владејачка партија „Фидеш“ во Унгарија, дека Македонија ќе гласа за продолжување на европскиот и трансатлантски пат. Тоа е еднакво на она за што се залага ВМРО, посочи Сијарто.

Најчитани вести