Шилегов го почести „Веро“ со неколку илјади квадрати атрактивно државно земјиште

На предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје на четиринаесетата седница која се одржа на 18ти јули му издаде дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште Веропулос ДООЕЛ Скопје – Подружница Паркинг ВЕРО 2 Тафталиџе, Скопје со кое стопанисува „ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ“, пишува порталот Инфомакс.

Без никаква позначајна дискусија, советниците на владеачката партија во град Скопје на четиринаесетатта седница го почастија Веро со неколку илјади квадрати државно земјиште.

На предлог на градоначалникот Шилегов, спротивно на законот и без никакво соодветно образложение за одлука која е на директна штета на граѓаните на Скопје, особено на Карпош, Петре денес си направи уште еден бонбона бизнис, со кој на ВЕРОПУЛУС ДООЕЛ му се овозможува за паркингот кој досега беше бесплатен да наплаќа.

Запрашан да одговори на сомнежите кои на денешната седница ги отвори советникот од ГРОМ, Александар Трајановски, Шилегов вешто ја напушти дискусијата и го избегна одговорот на ова прашање.