Шилегов: Иванов ги прекрши Уставот и законите

СДСМ смета дека претседателот Ѓорге Иванов ги прекршил Уставот и законите и направил политичка дискриминација со барањето да се обезбеди мнозинство пратеници како услов да го додели мандатот за составување влада

– Укажуваме дека Ѓорѓе Иванов ги крши Уставот и законите и дека тоа повлекува одговорност за Иванов. Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Иванов, додаде Шилегов, го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. – Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев. Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик, посочи Шилегов.

На новинарско прашање дали СДСМ почнале да собираат потписи од пратеници Шилегов  рече дека СДСМ работи на изнаоѓање  решение коешто ќе доведе до брзо, ефикасно формирање на нова влада, којашто влада ќе ги надмине проблемите во Македонија и ќе го подобри животот на граѓаните.