Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:
„Како мал не му давале да си игра #камај, па сега мора тоа да го изживее.
Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.
Тогаш на фатениот му се се викаше #жив…”
Шилегов тогаш се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.
Ова негово шегување, денеска не остана неказнето од граѓаните на Брвеница.
Имено, Шилегов бил избркан од жителите и од локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.
За потсетување, во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а четворица од осуммината загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.