Шилегов ја укинува македонската фаланга на плоштад

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ја укинува  „туристичката стража“ во центарот на Скопје бидејќи служела за потсмев.

Немаше здраворазумен човек кому таа таканаречена туристичка стража, македонска фаланга, не му служеше за потсмев. Скопје не е град за потсмев. Скопје е град кој треба да биде респектабилен, град кој треба да остане во убави спомени, а не во спомени за потсмев. Од тие причини дел од таквото лудило повеќе во градот нема да има – рече Шилегов одговарајќи денеска на новинарско прашање.