Шилегов не кажува зошто „аудито“ не е во Анкетниот лист

Откако непознати лица ги оштетиле автомобилите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и неговата сопруга, паркирани пред зградата на улицата „Хелсинки”,  денеска за „Нетпрес“ тој не одговори зошто ги нема пријавено двете луксузни возила автомобил марка „Ауди К-5“ и автомобилот „Ауди А5“  во анкетниот лист за имотната состојба на избраните и именуваните функционери.

На следниот линк може да забележите дека и во 2016 година Шилегов имал Ауди А5 и имал дововолно време да го стави во анкетниот лист.

Од МВР соопштија дека вчера околу 23:10 часот Ш.Ј. пријавила дека биле оштетени нејзиниот во сопственост на нејзиниот сопруг.

Констатирано е дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај второто возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место. Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот”, велат од полицијата.

Иако два пати се обративме со прашања до службата за односи со јавност на Градоначалникот на Град Скопје, не добив ме никаков одговор до објавувањето на веста.