Шилегов не открива кога ќе биде објавен составот на новата влада

Разговорите за состав на Владата знаете дека перманентно траат, во моментот кога ќе имаме информација за споделба, таа ќе биде соодветно споделена, изјави во вторникот портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарски прашања дали и денеска продолжуваат меѓупартиските преговори со потенцијалните коалициски партнери во новата влада

На прашњето дали се разговара за распределба на ресорите и дали за денеска се планирани преговори меѓу работните групи или на одвоени средби на мандатарот Зоран Заев, Шилегов одговори дека „Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активнотсти што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме“.

Портпролот на СДСМ, притоа, рече дека смета оти „делот којшто се однесува на заокружување на принципите и начинот на функционирање на новата влада, полека, полека, се затвора“ со што ќе се влезеле во ефектуирање на разговорите, околу составот на владата, одговарајќи на прашањето дали дошло на приближување на ставовите меѓу партиите.

Шилегов беше прашан и дали е доведена во прашање поддршката на БЕСА за влез во владата на Заев, при што повтори дека штом некоја информација биде „зрела“ за споделување со јавноста таа ќе биде објавена.

„Сведоци сте на изјавите и на претседателот и мандатар Зоран Заев, меѓутоа и на претседателите на политичките партии којшто го поддржаа мнозинството за состав на владата“, додаде Шилегов.

За најавеното патување на Заев во среда во Брисел, рече дека челникот на СДСМ дибил „лична покана“ од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, на којашто прво ќе има одвоена средба, а потоа манадатарот ќе присуствува на заедничка вечера со премиери од регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.