Шилегов: Оваа власт е опасна по живот, мора да замине

Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните, изјави Петре Шилегов.

„Oва  е местотo каде што, синоќа, Диме Спасов дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило удрил неколку возила и избегал. Спасов е човекот кој со години управува со градинките, онаму каде што се згрижуваат нашите децата.

Уште колку жртви треба однесат овие луѓе со сопствената аздисаност?

Што ако на улицата, на овој паркинг имало деца, тинејџери, граѓани? Дали и тогаш ќе избегал?

После сообраќајката Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвна неодговорност на кадрите во оваа Влада, којашто така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек.

Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување!  Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имот на граѓаните, на имотот на Република Македонија“, истакна Шилегов.