Шилегов: Преку јавно-граѓанско партнерство отвораме нови културни институции и ја децентрализираме културата

Се наоѓаме во поранешното Кино „Култура“, кое што повеќе од една деценија беше целосно затворено и руинирано. Еден мал дел од овој објект, последниве две години функционира независна културна сцена , но со поддршка на Град Скопје, којашто ќе следи после 15-ти октомври, целиот негов капацитет ќе биде искористен и ставен во функција, рече во петокот кандидатот за скопски градоначалник на владејачката СДСМ, Петре Шилегов, пред објектот кој е приватизран.

„Нашата Програма предвидува ваквите простори, кои што ги има во Скопје да се искористуваат, а не да бидат препуштени на забот на времето. По примерот на европските метрополи, и во Скопје, со јавно-граѓанско партнерство ќе отвориме нови мали културни институции, на нови простори низ градот, што ќе овозможат децентрализација на културата и нови можности и за уметниците и нивните колективи“, рече Шилегов.

„Овие институции чинат многу помалку од масивните, а продуцираат програма со многу поразлична содржина. Корисниците на просторот кој што ќе биде издаден на неколку години, ќе бидат избрани на јавни конкурси, според понудените програми. Истовремено ги отвораме институциите на културата за сите граѓани“. додаде кандидатот на СДСМ.

Според него тие ќе бидел „ослободени од партиските и идеолошките стеги“, затоа што културата треба да биде за сите.

„Соодветно на тоа, буџетите и програмските активности треба да се зголемуваат. Активните уметници ќе имаат отворени врати за своите активности во зградите на културата и за настаните во организација на Градот Скопје. Ќе се посветиме и на запоставените споменици, спомен куќи, поставки и на другото културно наследство од скопскиот земјотрес, од НОВ, од модерниот период , османлискиот период и други делови од скопската историја. Зоолошката, библиотеките и Детскиот културен центар – Карпош, ги отвораме за сите, овозможувајќи им на децата и на родителите квалитетни културни содржини и едукација во институциите на културата“, рече Шилегов