вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

Шилегов: СДСМ ќе изгради нов клинички центар

Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани, изјави Шилегов.

silegov

Последни вести

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија.

– Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника. Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни, изјави Шилегов.

Според Шилегов, власта не го реализирала ветувањето од пред три години за нов клинички центар во Скопје.

– Денеска е 2 јануари 2017. Реалност се само тарабите, изјави Шилегов

Најчитани вести