среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

ФОТО: Шилегов го прекрши законот- во изборен молк агитира во Теарце

silegov-tearce2

Поврзани вести

Партискиот портпарол и носител на листата на СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов во екот на изборниот молк агитира во Теарце на само неколку часа пред прегласувањето директно кршејќи го Законот.

Шилегов лично и директно го крши изборниот молк во пресрет на утрешното прегласување на избирачкото место 2011 во Општина Теарце.

Покрај тоа што го крши изборниот молк, Шилегов го крши и Законот за забрана за пушење на јавни места, кој е на сила веќе неколку години.

На фотографијата Шилегов може да се забележи со цигара во рака, што јасно укажува на тоа дека законите за партискиот портпарол на СДСМ не важат.

шилегов теарце

За пушење цигара во затворен простор, Законот предвидува санкции и за сопственикот на локалот и за прекршителот на законот.

Постојат информации дека наводно се фатени луѓе со пари како агитираат и се обидуваат да ги потплатат жителите на Теарце.

На избирачкото место 2011 во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11-ти декември правото на глас го искористија 404 гласачи.

шилегов теарце 1

Најчитани вести