Шилегов во тетовско: Ветува федерализација, двојазичност и поделба на Македонија

Петре Шилегов, како носител на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 6, без стеги ветува федерализација, двојазичност и поделба на Македонија пред Албанците во Тетовско. При неговите средби со граѓаните веќе воопшто не крие за што се залага партијата и за што го бараат нивниот глас.

И Шилегов како и Заев се залага за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.

Шилегов низ „Шестката“ потврдува дека Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија, пишува „Република“.

Тоа што сега го зборува Заев, а Шилегов „пластично им го доловувал“ на Албанците во Тетовско, значи воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата, односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

СДСМ со години се обидуваше да ги сокрие целите од јавноста, но Заев во својот занес зборува за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ. Иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, по видеата од Швајцарија, е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.