Шилегов жив фатен во лага, дали ќе и се извини на јавноста?

Диме Спасов наместо да измислува приказни и да ја вреѓа македонската јавност, најпаметно нешто што може да го направи е да си поднесе оставка и да не се појавува повеќе на политичката сцена во Македонија, вели партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов во изјава за Курир, одговарајќи на прашањето дали мисли дека дополнителниот заменик министер Диме Спасов навистина лаже кога вели дека го бркале Албанци.

-Јас на измислиците на Диме Спасов немам што да кометирам. Најпаметно нешто што може да го направи е да не се појавува пред македонската јавност, додава Шилегов.

И матичната партија на Шилегов денеска излезе со реакција. Во реакцијата на СДСМ се наведува дека “Спасов лажно пријавува филмови кои не се случиле, и си навлекува кривична одговорност“.

 

Сепак, целата лага на СДСМ и Шилегов денеска излезе на виделина и им се врати како бумеранг за сите искажани лаги и измислици поврзани со овој случај. Ексклузивните снимки кои денеска ги објави Сител ја откриваат целата вистина за случајот со сообраќајката на заменик министерот Диме Спасов. Од снимките кои денеска ексклузивно ги објави телевизијата, може да се види дека Спасов бил нападнат од група насилници кои му се заканувале со пиштол а потоа, истата група, заедно со лица кои се претставиле како полицајци му впериле пиштол.

Спасов денеска излезе со тврдење дека сообраќајката што се случи минатиот петок во која учесник беше и тој е криминално-полициска местенка, само за да му се наштети на неговата чест и углед, а притоа постоела и опасност по неговата безбедност и по неговиот живот. Ваквите зборови на Спасов целосно се потврдуваат со објавената снимка.

Објаснувајќи што се случило во петокот, тој пососчи дека додека управувал со возилото во неколку наврати кога стоел на семафори на црвено светло две лица мавале по неговиот автомобил и се обидувале да ги отворат вратите и му се заканувале по неговиот живот. Чувствувајќи се загрозен тој се обидел да избега од напаѓачите. Почнал брзо да вози во обид да избега. Притоа во една од уличките кај Веро 2 во Тафталиџе нанел мала штета на автомобил кој бил паркиран на улицата, но не застанал поради тоа што, како што вели, околностите не му го дозволиле тоа за што и се извини.

Застанал во близина на Катастарот каде по него застанале две возила. Од едно од нив излегле лица со огнено оружје, со пиштоли во рака, а од второто лицата кое претходно го следеле и кои го напднале на крстосниците. Притоа го нападнале и бил вперен пиштол во него. Појаснува дека потоа пристигнало и полициско возило по што лицето кое вперило пиштол во него се повлекло.

– Следеше период во кој што дојдоа многу лица, дел од нив во униформа, а повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера каде прво бев следен и во два обиди сакаа да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат, потоа се обидов да бегам и бев нападнат од лице кое впери пиштол во мене. Покрај тоа врз напаѓачите не беа преземани никакви мери, односно само следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме заклучив дека се работи за криминално полициска конструкција за смислена местенка која има за цел да го наруши мојот углед и штета врз мене и имаше опасност по мојот живот. Токму поради тоа се одлучив да го напуштам местото, вели Спасов.