Силен тајфун ја погоди Јапонија

Главниот град на Јапонија и неговата околина денеска се зафатени од силен тајфун поради што се откажани повеќе од 400 летови, а во прекин е и дел од железничкиот сообраќај.

Тајфунот Миндул го погоди јужниот дел од Токио со удари на ветрот кои достигнуваат брзина од 180 км/час. Се очекува тајфунот во текот на денот да се придвижи кон север и утре да стигне до најсеверниот јапонски остров Хокаидо.

Од ударот на тајфунот оштетени се повеќе згради. Властите предупредуваат на можност од поплави и одрони на земјште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.