Балкан

Силен ветар во Грција го блокира поморскиот сообраќај

Силен ветар во Грција го блокира поморскиот сообраќај

Јужна Грција е погодена од силен ветер што создава проблеми во одвивањето на поморскиот сообраќај, поради што голем број бродови останаа заглавени во пристаништето во Пиреја.

Како што објавија грчките медими, поради силниот ветер во прекин се повеќе редовни фериботски линии од континенталниот дел до островите во Егејското Море.

Затворени се и пристаништата во Рафина и Лаврио, а грчките поморски власти им препорача на патниците пред поаѓање да проверат дали сообраќа линијата со која треба да патуваат.