сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Силен ветер ја погоди западна Германија

133182815

Последни вести

Вкупно 33 лица од пет станбени објекти во градот Минден во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија беа евакуирани, откако силни ветрови ги откорнаа покривите на нивните куќи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во налетот на ветрот, што се случи рано изутринава, биле откорнати и дрва во близина на живеалиштата, а повредено е едно лице со посебни потреби.

Полицијата и германската хидрометеоролошка служба (ДВД) не се согласуваат околу причините за инцидентот. Според полицијата, се работи за торнадо, а ДВД вели дека не може да се каже со сигурност се додека не заврши истрагата.

Во невремето, што зафати и неколку други градови во регионот, била оштетена и турбина за производство на ветер, која била однесена неколку стотини метри подалеку од нејзината локација.

Најчитани вести